Едносед / Двосед кајак

 650€ → 500€ / 565€

30900 / 34900 ден. 

Rebel Solo - Едносед/Двосед кајак на пумпање

 

Материјал: 100% drop-stitch PVC

Димензии: 391 x 80 цм

Димензии спакуван (само кајак): 65x45x30цм

Димензии спакуван (цел ранец): 90x45x44цм

Тежина: 16.1 кг

Максимална тежина на веслач: 150 кг

Максимална носивост: 225 кг

Комори: 3 (2 странични и 1 седечка)

Време на пумпање: 7 минути

Максимален притисок: 10 psi

Гаранција: 1 година

Испорака: Бесплатно во Македонија 

 

Опис:

Rebel Solo е едносед кајак на пумпање, изработен во иста технологија како што се изработени даските за стоечко веслање (СУП-ови). Сите три комори се тврди, напумпани под висок притисок што му дава многу поголема цврстина, брзина и издржливост од обичните широко-коморни кајаци на пумпање, а воедно е и околу 50% полесен од полиетиленските (пластични) кајаци. Брзината на веслање од околу 10 км/ч е потполно иста како и кај тврдите sit-on-top кајаци. Одличната управливост и стабилност го прават Solo високо квалитетен кајак за сите типови на веслачи. 2-те странични рачки за носење овозможуваат Solo да биде транспортиран и од само едно лице. Smart drainage системот овозможува испуштање на навлезената вода преку предниот отвор за одвод. Лесно се пакува и транспортира во ранецот на тркалца.

 

Стандардни додатоци:

- Алуминиумско весло

- Подигнато седло

- Двонасочна рачна пумпа (пумпа и издишува)

- Ранец со тркалца

- Перка

- Граничник за нозе

- 3л водоотпорна торба

- Преден ластик за помали торби

- Лепенки