Двосед / Тросед кајак

 785 / 840 € - мала залиха

48500 / 51900 ден.   

Rebel Tandem - Двосед/Тросед кајак на пумпање

 

Материјал: 100% drop-stitch PVC

Димензии: 473 x 80 цм

Димензии спакуван (само кајак): 65x53x27цм

Димензии спакуван (цел ранец): 95x53x45цм

Тежина: 18.8 кг

Максимална тежина на веслачи: 250 кг

Максимална носивост: 315 кг

Комори: 3 (2 странични и 1 седечка)

Време на пумпање: 8 минути

Максимален притисок: 10 psi

Гаранција: 1 година

Испорака: Бесплатно во Македонија 

 

Опис:

Rebel Tandem е двосед/тросед кајак на пумпање, изработен во иста технологија како што се изработени даските за стоечко веслање (СУП-ови). Сите три комори се тврди, напумпани под висок притисок што му дава многу поголема цврстина, брзина и издржливост од обичните широко-коморни кајаци на пумпање, а воедно е и повеќе од 50% полесен од полиетиленските (пластични) двосед кајаци. Брзината на веслање од околу 10-15 км/ч е потполно иста како и кај тврдите sit-on-top двосед кајаци. Одличната управливост и стабилност го прават Tandem високо квалитетен кајак за сите типови на веслачи. 2-те странични рачки за носење овозможуваат Tandem да биде транспортиран и од само едно лице. Smart drainage системот овозможува испуштање на навлезената вода преку предниот отвор за одвод. Лесно се пакува и транспортира во ранецот на тркалца.

 

Стандардни додатоци:

- 2 алуминиумски весла

- 2 подигнати седла

- Двонасочна рачна пумпа (пумпа и издишува)

- Ранец со тркалца

- Перка

- 2 граничници за нозе

- 3л водоотпорна торба

- Преден ластик за помали торби

- Лепенки