
Ски/сноуборд сервисот е најважниот дел од вашиот скијачки одмор.
💥 Ненаострените кантови ви го отежнуваат уживањето на скијачките терени и многу лесно може да предизвикаат несакани последици при скијање на замрзнати делови од стазите.
💥 Нередовен сервис овозможува таложење р’ѓа и вдлабнато нагризување на кантовите со што ни го оневозможува рамномерното острење, а со тоа ја намалува контролата при скијањето и го намалува животниот век на скии/бордовите.
💥 Неподмачкувањето со восок го зголемува триењето и ја намалува контролата на скиите на снегот. Нередовно подмачкани скии/бордови доведува до сушење, напукнување и ронење на базата.
Според нашите тестирања, во зависност од квалитетот на снегот и од начинот на вашето скијање, траењето на добро наострени кантови и свежината на восокот е 7-10 скијачки денови.
Rebel Boards ви нуди квалитетен сервис со врвна опрема и материјали.
Детски (до 110 цм) од 800 ден.
Со многу р'ѓа или дупки - цена по договор
Целосни НАЛЕПНИЦИ за вашиот сноуборд
(погледнете го видеото)
- земање мерка на бордот
- AI/CDR дизајнирање
- прилагодување на дизајнот
- високо квалитетно принтање со додатен заштитен слој
- лепење на налепницата
3000 ден.
Потребни се 3-4 дена.
Закажете термин 075266316

ШТИТНИЦИ за сноуборд
1500 ден
со монтажа
Комплетниот сервис на
скии и сноуборди опфаќа:
- Отстранување р'ѓа од кантови
- Рамнење на базата
- Пополнување мали дупчиња со Liski graphite candle и metal grip
- Пополнување поголеми дупки со Skimender RP360 или Skimender RP105
- Острење кантови (агли 85°-90°) со Holmenkol profi edger или со Raze-Cat electric grinder
- Отстранување стар восок со Holmenkol wax cleaner
- Подготовка на подлогата со месинг рото-четка
- Пеглање на нов слој Holmenkol восок 0° до -20°C
- Полирање со Holmenkol NYLON и HORSHAIR roto-brush и Liski pollish pad
Сервисот трае околу 2 часа.
Закажете термин на 075266316.